Новогодишната еуфорија се чувствува, граѓаните прават последни подготовки

30.12.2015 16:31

Ден пред Нова година, граѓаните ги правеа последните подготовки. Некои купуваа облека, други намирници, секој со своите обврски. Дел планираат празниците да ги минат поскромно, во домашна атмосфера, други ќе потрошат и денар повеќе...

Се повеќе се чувствува новогодишната еуфорија. Празни рафтови – полни каси е сликата која можеше  да се види во изминативе денови во маркетите и во трговските центри.

Последни подготовки за дочекот на Новата година. Граѓаните велат дека има голем метеж. Причина плус за тоа, попустите по продавниците.

За разлика од претходните години, оваа година цените на месото се пониски. Едни скромно, други полуксузно, секој со својата приказна за новогодишната ноќ. Пазарџиите велат дека паметат и години со поголема заработувачка.

Освен во дуќаните, метеж поради празниците има и во сообраќајот. Од Републичкиот совет за безбедност апелираат на внимателност, и пред и за новогодишната ноќ.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска