Договори за финансирање 17 иновативни проекти
Потпишани се договорите со 17 претпријатија, кои беа селектирани на вториот повик на Фондот за иноваци. Финансиска поддршка добиваат старт-ап и спин-оф компании, но пари ќе се доделат и за комерцијализација на иновации. Вкупно ќе се поделат речиси 877 илјади евра...

17 компании, најдобри на вториот повик, ставија потпис на договорите со Фондот за иновациии. Се доделуваат кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва и кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации. По 30.000 евра добиваат старт- ап и спин- оф бизнисите, до 100.000 евра се наменети за комерцијализација на бизнисите. Парите треба да придонесат за раст и развој, но и да отворат нови работни места.
Интерес има од ИТ компаниите, но пари се барале и за проекти од општествен карактер. Од Фондот за иновации велат дека интересот е потврда дека во Македонија има иновативни и креативни луѓе.
Луѓето кои се носители на технолошкиот развој сега добиваат шанса и за себе и за општеството вели, премиерот Груевски. Она што недостасувало во минатото, сега Законот за иновации и технолошки развој ќе го надомести.
Фондот за иновации преку двата јавни повика годинава подржа 33 претпријатија.
Дијана Ценевска
