Субвенции за транспортни трошоци на винарските визби

31.12.2015 10:42

Винарските визби кои направиле трошоци за транспорт за превземање на винското грозје до винаријата имаат право на користење на субвенции од државата. Висината на поддршката е во зависност од одалеченоста на откупното место.

До 15-ти јануари 2016 винарските визби кои годинава вршеа откуп на винското грозје ќе можат да поднесуваат барања за субвенционирање на транспортните трошоци.

Државата доделува неповратни средства за транспортот на грозјето од регистриран откупен пункт до винарска визба и тоа за одалеченост до 30 километри по 0,45 денари за килограм, до 80 километри по 0,75, до 110 по 1,25 и за повеќе од 111 километри по 1 и пол денар за килограм грозје.

Право на користење на овие средства имаат само регистрирани капацитети за производство на вино.

 

Методија Трајков