За 24 часа издадени 1.667 потврди за азил

31.12.2015 12:45

Најголем дел од нив се државјани на Сирија-786, Авганистан–411 и Ирак-470.

Во последното деноноќие на 1.667 странски државјани им се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил. Од нив 688 се од машки пол, 343 од женски, 624 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, а 12 деца кои патуваат без родител.

Најголем дел од нив се државјани на Сирија-786, Авганистан–411 и Ирак-470.

Од 19 јуни годинава до денеска на вкупно 384.481 странски државјани им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил, од кои 207.398 се од машки пол, 65.076 од женски, 93.892 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, а 18.115 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството најбројни се државјаните на Сирија-214.266 потоа Авганистан-94.912, Ирак-53.862, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

До Секторот за азил во последното деноноќие поднесени се две барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на државјани на Палестина.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до Секторот за азил се поднесени 86 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.