Богата новогодишна програма во Скопје
31.12.2015 12:56
Во текот на денот театарски претстави за најмалите, а Дедо Мраз се спушти од триумфалната капија...

По примерот на светските метрополи, и Скопје за пречекот на Новата година организираше богата програма. Во текот на денот театарски претстави за најмалите, а Дедо Мраз се спушти од триумфалната капија.
Централната манифестација ќе почне во 21 часот на Плоштадот Македонија. Посетителите ќе ги забавуваат Оливер Драгојевиќ и Тамара Тодевска, а за полноќ организаторите подготвија огномет.
