Германија од утре претседава со ОБСЕ

31.12.2015 13:21

Германскиот министер за надворешни работи Штајнмаер најави дека приоритет на официјален Берлин ќе биде јакнењето на безбедноста, брза реакција во критични сотојби и намалување на вооружувањето.

Германија од утре го презема преседавањето со Организацијата за Европска безбедност и соработка- ОБСЕ со која во 2015-та година претседаваше Србија.

Во организацијата членуваат 57 земји. Германскиот министер за надворешни работи Штајнмаер најави дека приоритет на официјален Берлин ќе биде јакнењето на безбедноста, брза реакција во критични сотојби и намалување на вооружувањето.