Од утре бесплатен превоз за студентите
31.12.2015 13:44
Според директорот на ЈСП, Јанушев, оние што поседуваат електронски картички, треба на продажните места во градот да ги запишат електронските билети.

Од утре студентите ќе можат да се возат бесплатно во автобусите на ЈСП Скопје. Ова право ќе можат да го користат сите редовни студенти на државните универзитети.
Според директорот на ЈСП, Јанушев, оние што поседуваат електронски картички, треба на продажните места во градот да ги запишат електронските билети.
Оние што немаат картички, во еден од осумте инфо центри на ЈСП, со документација за редовност, индекс и лична карта, треба да побараат издавање на овие катрички.
