Првата дама им подари пакетчиња на децата во Клиниката за детски болести

31.12.2015 15:09

За миг сакавме да им ја доловиме празничната атмосфера што сите ја чувствуваме, да доловиме насмевки на нивните лица и да им ја честитам Новата година, изјави Иванова.

Првата дама меѓу најмладите пациенти во Детската болница во Скопје. Иванова им подели пакетчиња, и им посака, пред сѐ, здравје.

Традиционално во пресрет на новогодишната ноќ сум со дечињата што за жал Новата година ќе ја поминат во болничките кревети на Детската клиника во Скопје. За миг сакавме да им ја доловиме празничната атмосфера што сите ја чувствуваме, да доловиме насмевки на нивните лица и да им ја честитам Новата година, изјави Иванова.

Директорката на Клиниката, Софијанова смета дека идната година сепак ќе има многу повеќе насмевки, многу помалку тажни моменти.

Знаеме дека за тоа се болниците, да направат се што е можно за да  имаме повеќе насмевките отколку тажни моменти, посочи Софијанова.