Празнична еуфорија низ Скопје, во кафулињата веќе се слави
Период да се заборават лошите работи од минатата година, да си посакаме да се повторат убавите. Дедо Мраз и децата ја отворија новогодишната забава во Скопје. Попладнево Дедо Мраз слета од триумфалната порта „Македонија“ и патуваше до плоштадот со пајтон и вовче. Со театарска престава за најмалите почна забавата. Повозрасните ги наполнија кафулињата. Здравје и среќа најспосакувани желби на возрасните, на најмладите пакетче. Кафулињата преполни, забавата за многумина веќе почна.

На неколку часа пред дочекот на Новата година, празнична еуфорија во центарот на градот. Кафичите полни, некои веќе почнаа со славење. Со здравица да ја испратиме старата и да ја дочекаме Новата година.
Забава попладне, а вечер во домашен амбиент, со најблиските ќе ја дочекаат новата година, велат повеќето што ги анкетиравме низ скопските кафулиња. Угостителите очекуваат посетеност. Денеска на менито- многу забава и вкусни закуски.
Здравје и среќа најпосакувани желби на возрасните. Најмладите го дочекаа Дедо Мраз кој слета од тримфалната порта „Македонија“ и патуваше до плоштадот со пајтон и со вовче. Од него посакаа пакетчиња.
Иако метереолозите најавуваат дека за новогодишната ноќ ќе биде студено и без снег многумина 2016 –та ќе ја дочекаат на градскиот плоштад. Присутните ќе ги забавуваат Оливер Драгојевиќ, Тамара Тодевска и диџеј. На полноќ ќе има богат огномет.
Период да се заборават лошите работи од минатата година, да си посакаме да се повторат убавите, центаротот на главниот град е подготвен за вечерашната прослава.
За најмладите забава со Дедо Мраз на плоштадот ќе има секој ден во попладневните часови до 13-ти јануари. Ќе има секојдневни музички настапи на македонски артисти, а на крајот од вечерта шоу со огномет и акробати.
Ана Јосифоска- Тодоровска
