Последни подготовки за дочекот на Новата 2016-та, трговците тријат раце
Редици на касите, полни корпи и колички. Се празнат паричниците и кредитните картички. Супермаркетите со празнични понуди.

Раздвижено и весело низ Скопје. Полни маркети, тровски центри, метеж на улиците, се бара и место повеќе на паркинзите. Неколку часа пред новогодишната ноќ граѓаните ги прават последните подготовки за дочекот на новата 2016-та. Подароци за најблиските мора да има.
Редици на касите, полни корпи и колички. Се празнат паричниците и кредитните картички. Супермаркетите со празнични понуди.
В очи на новогодишната ноќ најмногу се трошат месото, за чоколадите и пијалаците. Се даваат пари повеќе од планираното. Еден е есапот од дома, а друг е на каса.
Се очекува денеска најмногу промет да направат супермаркетите. Работа има и во месарниците. Трговците тријат раце. За нив декември е најдобар месец во годината за продажба.
Полни се и салоните за убавина. Резервирани се сите термини. За разлика од обичените денови за Нова година се трошат повеќе пари за разубавување.
Празничната магија ја поттикна потрошувачката. Раст на прометот трговците очекуваат и по Божиќ, бидејќи тогаш почнува сезоната на попусти и празнење на продавниците. Внимавајте со трошењето, доаѓа Јануари, месецот со многу празници, кој за многумина е најдолг во годината.
Сунчица Николоска
