Добра игра, лоши резултати?!

21.01.2014 13:11

И покрај тоа што не може да влезе во добра резултатска серија, фудбалерот за врска на Мнчестер јунајтед Мајкл Керик смета дека тимот не игра толку лошо, колку што покажуваат резултатите.

„Даваме се од себе, но нештата едноставно не се случуваат. Важно е да останеме единствени и да ја чекаме нашата среќа. Имаме можност да се пласираме во финалето на Карлинг купот и не смееме да ја пропуштиме оваа шанса“, апелира Керик, кој се разбира дека се уште смета на место во УЕФА Лигата на шампиони во наредната сезона.

„Нема предавање, ќе продолжиме да се бориме. Се уште верувам дека можеме да успееме. Треба да победиме на што повеќе натпревари до крајот на сезоната, па ќе видиме до каде ќе не донесе тоа“, оптимистички размислува Керик.