Роналдо со највисоки почести
По изборот на ФИФА за најдобар светски фудбалер за 2013 година, Кристијано Роналдо е одликуван со една од најпрестижните награди во својата земја. Отсега тој е во елитниот ред на принцот Хенри, признание со кое го одликува претседателот на Португалија, Анибал Кавако Силва, кој изјави дека Роналдо тоа го заслужил, затоа што и донесол на својата земја престиж во светски рамки.

Роналдо изјави дека е пресреќен од почестите, и дека за него тоа ќе биде мотивација, за уште понапорна работа во иднина. ’’Сонувам да го освојам Светското првенство, тоа би било врв на мојата кариера’’ – заклучи Роналдо.
Во минатата година, тој по вторпат во кариерата беше прогласен за најдобар светски фудбалер, по 2008 година. Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, досега во репрезентативната кариера одигра 109 натпревари, со што е на третата позиција во историјата на португалскиот фудбал, во кои постигна 47 голови, со кои е на делба на првото место на вечната лист, заедно со Педро Паулета.
На свечената церемонија во претседателската палата во Лисабон, присуствуваа членовите на најтесното семејство на Роналдо, претставници на Владата на Португалија и на шпанските дипломати, како и селекторот на Португалија, Пауло Бенто, и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.