Блокиран сообраќајот на превојот Пресека
На планинскиот премин Стража и на патниот правец крак Маврово – Маврово, поради врнежи од снег, попладнево од 15 часот превентивно е воведена забрана за движење тешки товарни возила...

Поради излизгување на товарно моторно возило на коловозот, сообраќајот на планинскиот превој “Пресека“ е блокиран во двата правци, соопшти АМСМ.
На планинскиот премин Стража и на патниот правец крак Маврово – Маврово, поради врнежи од снег, попладнево од 15 часот превентивно е воведена забрана за движење тешки товарни возила, а од 18:00 часот задолжителна е зимска опрема за овој вид возила на патниот правец Делчево – граничен премин Делчево.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот на повисоките планински места.
Снег со слаб интензитет паѓа во Тетово, Попова Шапка, Делчево, Смојмирово, Ресен, Железнец, Струмица, Павлешенци, Македонски Брод, Ѓавато, Буково, Плетвар, Пресека, Маврово.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
