Укината забраната за камиони на Стража, Маврово и Пресека

04.01.2016 08:40

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по влажни коловози...

Снегот престана да паѓа. Укината е забраната за движење на тешки товарни возила на планинските премини Стража и Пресека и на патот кон Маврово. Од „Македонија пат“ велат дека нивните екипи се постојано на терен и снегот се чисти.

Најмногу снег наврна во Лазарополе, Маврово и во Пожаране, околу 20 сантиметри.

Синоптичарите за денеска најавуваат малку повисока дневна температура, што ќе услови врнежи од дожд. Снег ќе врне само на планините. Вакво време не очекува и за Божикните празници.