Речиси 70.000 повици на „Ало докторе“ досега
Линијата 15-123 е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

На бесплатната телефонската линија „Ало докторе“ изминатите седум дена имало 1.322 повици. Од 15-ти септември 2014 година кога почна да работи линијата, досега, имало 69.560 повици.
Линијата 15-123 е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето. Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет.
Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за респираторни симптоми, зголемена телесна температура, настинки и кашлици предизивикани од студеното време.
