Скопјанец со нож се обидел да ја убие сопругата

04.01.2016 10:50

На семејното насилство кое завршило со крвав деликт, сведок било и едно од трите деца на сопружниците.

30-дневен притвор доби 44-годишен скопјанец, кој вчера ја нападнал сопругата. Со нож и сатар и нанел тешки телесни повреди. Јавен обвинител наредил спроведување истражна постапка за сторено кривично дело убиство во обид.

На семејното насилство кое завршило со крвав деликт, сведок било и едно од трите деца на сопружниците.

По извршениот увидот, јавен обвинител донесол наредби за вршење на потребни вештачења, собирање траги од лице место, како и сослушување на повеќе лица со цел расветлување на немилиот настан.