Ревитализација на водоводната мрежа во Стрежево

21.01.2014 13:30

Над три децении старата водоводна мрежа на најкомплексниот систем за наводнување Стрежево со кој се наводнуваат над 20000 хектари обработлива земја, кој обезбедува вода за индустријата и за граѓаните, од годинава ќе почне обновувањето на најоштетените места.

- Во следниве месеци ќе почне првата фаза од ревитализацијата. Со 15 милони денари средства од владината програма ќе се заменуваат најоштетените цевки на делницата долга половина километар стендап Стевче Митревски.

   Иако должината е мало, значењето е огромно,затоа што тоа е еден од поважните дистрибутивни пунктови.

- За разлика од досегашните гусени, новите цевки се челични. Киселоста на почвата постојано ги нагризуваше и постојано ни правеа дефект во системот, а голем број ниви беа поплавувани и плаќавме големи отштети, вели директорот на Стрежево Маријан Геровски.

    За земјоделците од Градско поле ќе значи можност за спокојно планирање на производството

- Не обештетуваа, ама ние како земјоделци знаеме што значи да постојано да се плакне земјиштето а културите да не можете да ги планирате, вели земјоделецот Тоде Петковски.

 Потемелни ззфати ќе следуваат и на другите системи во земјава. Преку програмата за рурален развој се обезбедени 13,2 милиони евра.

- Во текот на минатата година со водостопанските претпријата ги детектиравме сите слабости. Со програмата ги поддржавме сите приоритети со цел да имаме посигурни системи за наводнување и позадоволни земјоделци, рече заменик-министерот за земјоделство Зоран Коњановски.

Кoњановски рече дека во наредните години очекува средствата да бидат поголеми. Тоа ќе овозможи позасилена динамика на ревитализација на дотраената мрежа, но и можност за градење нови водоснабдителни системи.