Најмалку 14 луѓе загинаа во експлозија во Пакистан

04.01.2016 11:21

Меѓу загинатите пет се жени и пет деца.

Најмалку 14 луѓе загинаа, а шестмина се повредени во експлозија на плинска боца во автобус што се случи вчера во Северозападен Пакистан.

Меѓу загинатите пет се жени и пет деца. По експлозијата предизвикана од плинската боца, автобусот загубил контрола, излетал од патот и паднал во провалија.