Најмалку шест жртви во земјотрес во североисточна Индија

04.01.2016 11:24

Земјотресот бил почувствуван во целиот регион, односно во соседните Мјанмар, Бангладеш и во Бутан.

Шест лица загинаа, а стотина се повредени во земјотресот што изутрината го погоди североисточниот дел на Индија, во близина на границата со Мјанмар.

Земјотресот бил почувствуван во целиот регион, односно во соседните Мјанмар, Бангладеш и во Бутан.

Земјотресот бил со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на длабочина од 57 километри и на 33 километри североисточно од градот Импал, главниот град на индиската држава Манипур.