За 24 часа издадени нови 2.120 потврди за азил
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-852, Авганистан–822 и Ирак-446.

Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.120 странски државјани, од кои 912 се од машки пол, 409 се од женски, 791 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште осум деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-852, Авганистан–822 и Ирак-446.
Од 1-ви до 3-ти јануари издадени се потврди на вкупно 7.501 странски државјани, од кои, 3.026 се од машки пол, 1.601 се од женски, 2.847 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 27 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 3.016, Авганистан- 2.493 и Ирак- 1.992.
