Германија: Инцидент во камп за бегалци

04.01.2016 12:13

Германската полиција соопшти дека се уште не се знае кој е одговорен за инцидентот, а не е познат ниту мотивот.

Непознато лице истрелало повеќе куршуми во центар за баратели на азил на запад во Германија, при што едно лице е полесно повредено.

Германската полиција соопшти дека се уште не се знае кој е одговорен за инцидентот, а не е познат ниту мотивот.

Во Германија минатата година пристигнаа околу еден милион бегалци и мигранти.

Иако германците генерално добро ги примија, имаше неколку инциденти против бегалците, вклучувајќи и подметнување пожари, физички напади и други кривични дела.