Скопје

Булеварите проодни, тротоарите замрзнати

04.01.2016 13:05

Граѓаните чекорат со страв.Булеварите се проодни. Екипите на зимската служба на Град Скопје во изминатото деноноќие фрлиле 280 тони сол за расчистување на снегот од градските улици и булевари. Иако се чисти, коловизте се празни. На првиот работен ден ден по продолжениот викенд на работа се само оние што не ги споија празниците.

Вчера сите се израдуваа на снегот. Но, денеска радоста се намали кај некои, особено кај оние што брзаа на работа. Тротоарите се замрзнати. Граѓаните чекорат со страв.Булеварите се проодни. Екипите на зимската служба на Град Скопје во изминатото деноноќие фрлиле 280 тони сол за расчистување на снегот од градските улици и булевари. Иако се чисти, коловизте се празни. На првиот работен ден ден по продолжениот викенд на работа се само оние што не ги споија празниците.

Ситуацијата во завеаните предели се нормализира. Од АМСМ информираа дека е укината забраната за тешки товарни возила на планинските премини Стража и Пресека, како и на патните правци Маврово- Дебар. Надлежните ја следат состојбата.

„Останува на сила употребата на зимска опрема. Препорачуваме крајно внимателно управување зато што температурите се ниски и на осојничавите места може да дојде до подмрзнување“, вели Иван Петров, ЈП „Македонија Пат“.

Температурата падна под нулата, граѓаните ги вклучија грејните уреди. Од ЕВН велат засега нема проблеми во дистрибутивната мрежа. Во студените денови не може да се штеди на енергија, но може да се троши рационално.

„Не мора сите простории да се греат, само онаму каде што најчесто престојуваме. Просториите да се проветруваат пократко. Зголемување на потрошувачката на електричната енергија има за време на празниците и ден пред празниците. Сега доаѓаат божикните празници. Тука треба да се обрне малку внимание на користењето на електричната енергија. Ќе има поголема потрошувачка, но се надеваме дека ќе биде се во ред, ќе немаме проблеми“, вели Атанас Ковачевски, портпарол на „ЕВН Македонија“.

Според метеорозлите, во наредните денови ќе врне дожд, снег ќе паѓа само на планините. Дневните температури ќе се движат од 3 до 12 Целзиусови степени, а утринските од -2 до 4 степени.

 

Наташа Јанчиќ