Зголемени субвенции за повеќе странски гости
Со мерката што стапи во сила од 1-ви месецов, за гостите кои ќе доаѓаат со чартер лет од Израел, Австрија, Малезија, Јужна Кореја, Италија, Франција и Шпанија, субвенциите се зголемуваат од 25 на 65 евра по лице.

Зголемените субвенции што ги дава државата за привлекување странски туристи треба да овозможат развој на секторот. Со мерката што стапи во сила од 1-ви месецов, за гостите кои ќе доаѓаат со чартер лет од Израел, Австрија, Малезија, Јужна Кореја, Италија, Франција и Шпанија, субвенциите се зголемуваат од 25 на 65 евра по лице.
За туристите од Чешка, Словачка, Унгарија, Полска и Романија, пак, зголемувањето е од 25 на 35 евра. Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот информираат дека има изработен правилник според кој ќе се врши распределбата на субвенциите.
Според статистичките податоци, бројот на странските туристи во последните осум години е зголемен за 100 проценти. Во октомври годинава во Македонија најмногубројни биле туристите од Турција, Грција и од Србија, а најпосетено место било Скопје.
