ФЗОМ со поголем буџет годинава
Според директорот Стефановски, ова се должи на добрата фискална политика и зголемениот број на вработувања и плаќањата на придонесите од фирмите.

Буџетот на Фондот за задравствено осигурување за годинава е проектиран на 25 милијарди 575 милиони денари. Двојно е зголемен од формирањето на Фондот во 2000 година.
Според директорот Стефановски, ова се должи на добрата фискална политика и зголемениот број на вработувања и плаќањата на придонесите од фирмите.
Најголем дел од колачот ќе добие Општата градска болница „8-ми септември“, односно 67,5 милиони денари.
Одредени рестрикции има, но тоа се должи, како што вели Стефановски, на заштедите за лекови на клиниките. Таков е примерот со Клиниката за неврологија, која средставата ќе може да ги пренамени.
