Хан доаѓа во Македонија на 14-ти или 15-ти јануари
Целта е да направи увид во напредокот од имплементирањето на точките од Договорот во Пржино, како и на итните реформски приоритети што ги препорача еврокомисијата.

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, ќе ја посети државава на 14-ти или најдоцна на 15-ти јануари. Целта е да направи увид во напредокот од имплементирањето на точките од Договорот во Пржино, како и на итните реформски приоритети што ги препорача еврокомисијата.
Потврдувам дека комесарот Хан ќе го посети скопје во јануари, но немам датум. Причината е да направи проценка на ситуацијата, изјави портпаролот Кетрин Реј.
Посетата на еврокомесарот на Македонија нема да се поклопи со посетата на тројцата европратеници Кукан, Вајгл и Ховит, закажана за 11-ти јануари.
