Полициски час на југот од Јемен

04.01.2016 14:01

До судирите дошло кога силите лојални на претседателот Хади се соочиле со отпор.

Во градот Аден, на југот од Јемен е воведен полициски час откако беа убиени 17 луѓе во судири со лица осомничени за тероризам.

До судирите дошло кога силите лојални на претседателот Хади се соочиле со отпор. Борбите траеле неколку часа, а силите лојални на претседателот на крајот ја презеле контролата над областа.

Полицискиот час стапува на сила во 20 часот по локално време и ќе трае до пет часот изутрина.