Тутунарите задоволни: Oткупени 8.000 тони по просечна цена од 185 денари

04.01.2016 14:49

Тутунарите задоволни од процената на тутунот на вагите. Откупната кампања непречено се одвива во земјава. Досега се преземени 8.000 тони со просечна цена од 185 денари. Родот треба да се прибере до 20 февруари...

Откупот на тутунот се одвива непречено и на задовлство на тутунарите. Сојузот на тутунските здруженија анализира: во 18 дена од почетокот на откупната кампања деветте компании во земјава презеле 8000 тони. Постигната е  просечна цена  е 185 денари.

„Достигнуваме добра цена, што не значи дена не може да оди понагорем, затоа што се уште врвните берби, нема многу масовно носење на врвните берби, претежно се носат средни берби. Очекуваме барем за 2-3 денари да порасне оваа цена од 185 денари и околу 187 денари да се движи цената. Мислам дека задоволството ќе биде обострано“, вели Данчо Милески, претседател на Сојузот н тутунските здруженија.

На текот на откупот, главно, тутунарите немаат забелешки, ниту има работа за второстепената комисија за проверка на процената.

„Во Битолскиот и во Могилскиот дел во откупот е некаде 50 насто е извршен. производителуите се задоволни од откупната цена од 185 до 190 денари. Навреме тутунарите си го предаваат својот тутун, задоволни си заминуваат од откупните претпријатија“, изјави Перо Ничовски, претседател на здружението „Тутуноберачите“ од општина Могила.

„Досега е упено околу 40 проценти од производството на општина Крушево. Во општина Крушево се произведува околу 1650 тони тутун“, вели Илија Тодески, секретар на здружението „Братство“ од Крушево.

Тутунот е квалитетен, но реколтата е помала. За откуп остануваат уште 12 до 13.000 тони и нема да се стигне барањето на откупувачите од 25.700 тони. Се очекува откупот да заврши до 20 февруари.

 

Елизабета Митреска