Буџетот на ФЗОМ поголем за 6%, повеќе пари за јавните здравствени установи
Буџетот на Фондот за здравствено осигурување за годинава е проектиран на 25 милијарди 575 милиони денари. Двојно е зголемен од основањето на Фондот во 2.000-та година...

Фондот за здравство со историски највисок буџет за годинава. Проектиран е на 25 милијарди 575 милиони денари, зголемен е за речиси шест отсто од лани. Јавните здравствени установи ќе добијат 54 проценти од буџетот, а приватните 31. Останатиот дел од колачаот ќе се дели за надоместоци за породилно, ортопетски помагала, лекување во странство и за функционирање на фондот. За прв пат ќе се одвојат пари за ПЕТ центарот кој со работа треба да стартува годинава.
„Овие зголемени средства од 6,7% ги определивме за неколку сегменти и тоа за: нови здравствени услуги со воведување на нови методи за лекување; зголемување на вид и обем на постоечки здравствени услуги. Новите вработувања на специјализиран кадар зголемување на плати за определени категории на здравствени работници“, вели директорот на ФЗОМ, Сашо Стефановски.
Најголемо зголемување на буџетот ќе има за Градската општа болница „8-ми Септември“, ќе изнесува 68,5 милиони денари. Намален ќе биде на Клиниката за неврологија поради заштедата за набавка на лекови.
„Зголемувањето на буџетите на ЈЗУ е стимулирачки и мотивирачки со цел да се пружаат поголем обем на здравствени услуги а воедно и да обезбедат поквалитетни здравствени услуги. Зголемувањето на средствата е условено со зголемување на бројот на хируршки интервенции кај клиничките и општите болници, со цел да се намали препраќање на пациенти во скопските клиники“, вели Орхан Рамадани, директор на ФЗОМ.
Зголемувањето на буџетот се должи на добрата фискална политика и зголемениот број на вработувања. Според директорот Стефаносвки, за здравствен придонес во земјава се издвојуваат 7,3 проценти од платата, со што Македонија е трета во Европа со најниска стапка.
Андријана Атанасовска
