Груевски: Зголемување на социјалната помош за 5% во јули
04.01.2016 15:11
Во изминатите девет години, финансиската подршка за загрозените семејства е зголемена за 62 проценти.

Од јули за пет насто зголемување на социјалната парична помош, најави премиерот Груевски. Во изминатите девет години, финансиската подршка за загрозените семејства е зголемена за 62 проценти.
„Ќе има зголемување и оваа година на социјалната помош за 5%. Зголемувањето ќе биде со јулската исплата. Досега, откако сме во владата, социјалната парична помош е зголемена за 62%, зголемувајќи ја секоја година постепено. Со ова зголемување, социјалната парична помош ќе надмине 65%“, истакна премиерот Груевски.
