Пријавување данок за земјоделство до крајот на јануари
До 31-ви јануари 2016-та година земјоделците треба да поднесат барање за паушално оданочување доколку приходот не надминува 1,3 милиони денари. Парите од субвенциите не влегуваат во оваа сума.

Земјоделците кои годинава заработиле до 5 илјади евра целосно се ослободни од плаќањето данок на доход. За заработени повеќе од 21 илјада евра даночното олеснување е 80 проценти од остварениот приход.
Доколку земјоделската дејност е дополнително занимање, исто така се плаќа 80 проценти помал данок. Со паушалната наплата, според Управата за јавни приходи, на фармерите им се олеснува работата и не мора да водат деловни книги.
Основа за пресметување на данокот е разликата меѓу остварениот вкупен приход и признатите трошоци. Субвенциите не се вклучени во пресметките.
Методија Трајков
