Новиот „Џихадист Џон“ е меѓу протагонистите на новиот пропаганден клип на ИД

05.01.2016 09:58

На снимката се гледа маскиран маж кој убива еден од осомничените шпиони и потоа изјавува дека тоа е порака за британскиот премиер Камерон.

Новиот „Џихадист Џон“ и еден четиригодишен „џихадист“ се меѓу главните протагонисти во новиот пропаганден клип на групата Исламска Држава, што ја покажува егзекуцијата на пет лица за кои се тврди дека шпионирале во корист на западот.

На снимката се гледа маскиран маж кој убива еден од осомничените шпиони и потоа изјавува дека тоа е порака за британскиот премиер Камерон.

Според информациите, станува збор за џихадистот Сидхарда Дар, којшто со своето семејство живеел во Лондон, но пред 10 години го прифатил Исламот и се радикализирал.

Британски експерти го анализираат видеото за да потврдат дали џихадистот на снимката е Сидхарда.