Сообраќајот по влажни коловози, магла кај Страцин
05.01.2016 10:05
По интервенција на дежурните екипи на „Македонија пат“, има остатоци од снег на коловозните ленти. Се препорачува внимателно возење, особено на делниците низ клисурите и засеците.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози. Поради магла, до 50 метри намалена е видливоста кај Страцин.
По интервенција на дежурните екипи на „Македонија пат“, има остатоци од снег на коловозните ленти. Се препорачува внимателно возење, особено на делниците низ клисурите и засеците.
Нормализиран е сообраќајот на делницата Караслари-Велес, по синоќешната сообраќајна незгода на повеќе возила.
