Кина: Најмалку 14 загинати, 32 повредени во пожар во автобус
05.01.2016 10:12
Трагедијата се случила во престолнината на областа - градот Инчуан околу 7 часот по локално време.

Најмалку 14 лица загинаа, а 32 беа повредени во пожар во автобус во Кина. Трагедијата се случила во престолнината на областа - градот Инчуан околу 7 часот по локално време.
Полицијата трага по едно лице кое е осомничено за несреќата која е опишана како големо злосторство, а причините за пожарот се истражуваат.
