Бан Ки Мун апелира за деескалација на тензиите меѓу Саудиска Арабија и Иран
05.01.2016 10:33
Саудиска Арабија ги прекина дипломатските односи со Иран, по нападот врз нејзината амбасада во Техеран, откако Ријад го погуби истакнатиот шиитски свештеник Ал Нимра.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун апелираше до Саудиска Арабија и до Иран да ги поддржат мировните напори во Сирија и во Јемен и да избегнат натамошна ескалација на тензијата.
Саудиска Арабија ги прекина дипломатските односи со Иран, по нападот врз нејзината амбасада во Техеран, откако Ријад го погуби истакнатиот шиитски свештеник Ал Нимра.
И Турција ја осуди егзекуцијата на висок шиитски свештеник во Саудиска Арабија, бидејќи Анкара е против смртна казна, додавајќи дека тоа не придонесува за мирот во регионот.
