Уапсен осомничениот убиец на Леарт Адеми

05.01.2016 11:14

Во Основниот суд Скопје 1 - Скопје вчеравечер било спроведено лицето А.А. осомничено за делото „тешка телесна повреда“ со смртни последици, со предлог од скопското Основно јавно обвинителство за определување мерка притвор...

Триесетдневен притвор доби скопјанецот А.А. кој е осомничен за смртта на 19-годишниот Леарт Адеми, кој завчера почина откако бил ранет со нож во срцето.

Во Основниот суд Скопје 1 вчеравечер било спроведено лицето А.А. осомничено за делото „тешка телесна повреда“ со смртни последици, со предлог од скопското Основно јавно обвинителство за определување мерка притвор.

Судија на претходна постапка по разгледување и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот на Обвинителството, донесе одлука да го прифати предлогот и определи мерка 30 дневен притвор, информираат од скопскиот Кривичен суд.

Убиеното момче е син на спортскиот новинар во Македонската радио телевизија, Сами Адеми.