Царината поднесе четири кривични пријави
Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „Криумчарење“, „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.

Постапувајќи по констатираните неправилности, во декември минатата година Царинската управа на Република Македонија до надлежните јавни обвинителства поднесе 4 кривични пријави, против 4 физички лица и едно правно лице.
Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „Криумчарење“, „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.
Две кривични пријави, до Основното јавно обвинителство во Скопје, се поднесени против 2 физички лица за сторено кривично дело „криумчарење“. Една кривична пријава е поднесена до Основното јавно обвинителство во Куманово е поднесена против албански државјанин, заради обид за криумчарење. Исто така, една кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Струмица е поднесена против правно лице од Струмица и неговото одговорно лице, странски државјанин, поради обид за увоз на производи што се предмет на заштита на правата од индустриска сопственост.
