Во Катастарот лани примени 1.189.967 предмети, нерешени само 0,2 проценти

05.01.2016 13:03

До крајот на минатата година Катастарот впишал 139.070 легализирани бесправно изградени објекти и изготвил 4.501 бесплатен геодетски елаборат за легализација.

Од речиси милион и двесте илјади предмети примени во Катастарот, само 0,2 проценти останале нерешени. Дигитализирани 99,4 проценти од територијата на Македонија. Поедноставена постапката за утврдување на меѓи, со што граѓаните заштедли 8,5 милиони евра. Се олеснила легализацијата на дивоградбите. Катастарот со отчет за сработеното во 2015-та.

„Во тек на годинава очекуваме повторно да бидат примени над милион предмети и да бидат решени  во законски утврдените рокови, а особено очекуваме предмети за впишување легализирани објекти  и приватизација на дворни места“, изјави директорот на Агенцијата за катасатар на недвижности, Славче Трпески.

До крајот на минатата година Катастарот впишал 139.070 легализирани бесправно изградени објекти и изготвил 4.501 бесплатен геодетски елаборат за легализација. Во 2015 година е извршено впишување, евидентирање и предбележување на 1.498 инфраструктурни објекти.