Потрошувачки права: Поплаки за гаранција, сметки и квалитет
Најголем дел од поплаките, 13 проценти, се однесувале на проблеми со остварување на правата од гаранција за технички производи, особено за мобилните телефони.

Организацијата на потрошувачи ги сумираше резултатите од 2015-та година. Најголем дел од поплаките, 13 проценти, се однесувале на проблеми со остварување на правата од гаранција за технички производи, особено за мобилните телефони.
Голем дел од производите се расипувале и пред рокот утврден со гаранцијата, па потоа морале да чекаат за сервисирање. Од организацијата ги советуваат потрошувачите, во ваков случај да бараат продолжување на гаранцијата, согласно со времетраењето на сервисот.
Во однос на туристичките аранжмани, поплаките се намалиле во однос на лани. Во делот на јавните услуги, жалбите се однесувале на телекомуникациските услуги, за испораката на електрична енергија, за сметките.
Вкупно, во изминатата година, биле извршени речиси 2.700 советувања.
