На пазарите раздвижено, последни подготовки пред Бадник и Божик
Православните Христијани во Македонија утре го слават Бадник, ден пред големиот празник, Христовото раѓање, Божик. Семејството се собира во домот, на заедничка посна и богата трпеза. Се крши лепче со паричка. Рано изутрината децата пеат коледарски песни, добиваат парички, костени, јаболки. На пазарите раздвижено...

Се прават последните подготовки пред Бадник и Божик. Граѓаните ги купуваат потребните намирници. На пазарите радвижено. На влезот се продаваат Бадникови гранчиња.
Секоја година вака носите?
-Секоја година ни е традиција.
Како оди продажбата?
-Слабо, досега, понатака ќе видиме.
Внатре, тезгињата полни. Се купуваат производи за Бадниковата трпеза. И како што е ред овој празник без ореви и костени не поминува.
-Супер, еве работиме.
Колку се оревите?
-130 – 150 денари, зависи.
Купуваат ли граѓаните се подготвуваат ли за Бадник?
-Купуваат голем пазник е, што има тоа, Господ што дал.
Пазарџиите паметат и поубави години кога работата цутела, а граѓаните ги празнеле тезгите. Но не се предваат, не ги напушта празничниот дух.
-Сите сме духовно располежени, голем празник е, се надевам муштериите ќе дојдат во текот на денот.
Имаше ли корекција на цените во споредба со претходните денови?
-Не, цените се исти. За секоја квалитетна роба, цената е реална.
По домовите трпезата ќе биде полна колку и паричникот. Сите внимателно избираат што ќе купат за Бадниковата вечера.
-Се подготвуваме, еве купувам тиква, се што треба се купува денеска.
-Полека се спремаме, цените се стандардни, има некое поскапување.
Јануари е еден од најтешките месеци за граѓаните, кога најмногу се троши и се празни домашниот буџет, но секој сака да ја продолжи традицијата.
Наташа Јанчиќ
