Благодарница од месната заедница Шипковица за АРМ

05.01.2016 15:23

Јолевски истакна дека Армијата секогаш и во најтешките моменти е во служба на граѓаните.

Жителите на Шипковица изразија благодарност за поддршката што АРМ ја даде за време на августовските поплави. На министерот за одбрана Јолевски, благодарницата му ја врачија претставниците на месната заедница.

Јолевски истакна дека Армијата секогаш и во најтешките моменти е во служба на граѓаните.

Во почетокот на август лани, по обилни поројни дождови во тетовско се случи природна катастрофа. Владата, армијата и надлежните институции и невладини организации  работеа на терен за расчистување на патиштата, калта и камењата, изгради неколку мостови, се бараа исчезнатите лица.