Груевски: Наскоро нова програма за рурален развој

05.01.2016 15:52

Новата програма за рурален развој за 2016 година е во износ од над 33 милиони евра и ќе биде користена главно за поддршка на земјоделските стопанства за набавка на механизација и опрема...

Две милијарди 46 милиони денари од државната каса за поддршка на земјоделството. Нова програма за рурален развој најави премиерот Груевски. 

„Новата програма за рурален развој за 2016 година е во износ од над 33 милиони евра и ќе биде користена главно за поддршка на земјоделските стопанства за набавка на механизација и опрема и се што им е неопходно, како и за општините во руралните средини за изградба на различни инфраструктурни проекти што би им помогнале на земјоделците, локални патиштата, водоводи...“, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

Откако ќе се усвои програмата за рурален развој и поддршка на земјоделството од страна на Владата, ќе започне објавувањето на огласите за конкурирање на програмата.