Демографи: Наталитетот е темел за развојот на едно општество

05.01.2016 16:16

Демографите порачуваат – наталитетот е темел за развојот на едно општество. Земјава долго време мака мачи со белата чума, иако во последно време се регистрираат попозитивни движења, кога е во прашање бројот на живородени деца...

Рагањето на деца е радост за семејството, но и потенцијал  за иднината на целата нација- велат демографите. Тенденцијата на зголемен број новородени деца е надеж  за искоренување на белата чума која со децении е присутна во земјава. Демографите со став- зголемениот наталитет е битен фактор за економскиот потенцијал, нова работна сила, одржливост на пензискиот систем.

„Во периодот од 2005 до 2014 година бројот на живородените деца е зголемен од 22.482 на 23.596 живородени деца, што претставува зголемување за 5%“, вели Ајрија Чаушоска, раководител на Сектор за социјални статистики на Државниот завод за статистика.   

Државата со низа мерки за поттикнување на наталитетот. Веќе седум години родителски надоместок за трето дете. Според статистичките податоци во последната декада се поголем е бројот на семејства со три деца.

„Во 2005-та година бројот на мајки со трето дете изнесува 2.702, а во 2014-та е зголемен на 3.694“, вели Чаушоска.

Според официјалната документација во ресорот труд и социјала минатата година 19 илјади семејства добивиле родителски надомест за трето дете. Во 2010-тата имало 5.250 деца, за 3,6 пати помалку од лани.

Игор Панов