Експлозија на плинска боца во Драчево, 8-мина повредени

05.01.2016 16:26

Според првичните информации се повредени 8-мина, кои се пренесени на скопските болници...

Попладнево, експлодираше плинска боца во семејна куќа во село Драчево.

Според првичните информации се повредени 8-мина, кои се пренесени на скопските болници, шестмина во старата Градска болница, „Свети Наум Охридски“, и уште двајца на ургентен со изгореници.

На терен се уште трае борбата со огнената стихија која настанала од експлозијата.