Четникот го уништува кочанскиот бор

21.01.2014 14:23

Над илјада хектари под борови насади на патот кон Пониква и кон селото Полаки веке трета година континуирано се уништуваат од појавата на боровиот четник.Хемиското третирање од воздух беше реализирано пред четири години и тогаш беа постигнати одредени резултати.

„Заедно со општината, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство пред неколку години извршивме третирање на боровиот четник со третирање со биолошки средства, со што се постигнаа многу добри резултати, но, не се продолжи оваа акција која требаше да се изведува во континуитет од неколку години, и сметам дека како советник и граѓанин на општина Кочани, дека треба да преземеме поголема активност“, вели Јордан Димитров, од Шумско стопанство Осогово, Кочани.

Советникот  во општината, Љупчо Стоилков, побара итна интервенција на надлежните во државата.

„Состојбата е загрижувачка, можеби и временските услови такви. Сметам дека треба да ја прогласиме состојбата со боровиот четник за алармантна, вели тој.

Шумското стопанство осогово од Кочани мината 2013 година пошуми 27 хектари, од кои 17 хектари во Кочанскиот дел на Осоговијата и 10 хектари во атарот на Пробиштип.