Зашеметени птици летаат кон север

21.01.2014 14:33

Невообичаено топлото време во Сибир ги зашемети и птиците од Новосибирск. Жителите се сведоци на  несекојдневна појава.  Имено,  сибирските птици се  однесувале чудно бидејќи летале како пијани, губеле ориентација и паѓале врз автомобилите.

Поради многу топлото време несвојствено за овој регион, деновиве се почеста е големата наезда на птиците препелици кои ги напуштаат шумите и се хранат со   плодови од растенијата што растат по градските плоштади и паркови. Но откако ќе се  најадат за да се вратат во шумата, не можат да летаат нормално, губат ориентација  и паѓаат на земја.

Оринтолозите  тврдат  дека сето ова се случува поради необичаено топлото време. Во Сибир плодовите  на  растенијата и овоштарниците не се замрзнати и многу бргу ферментираат. Резултат се опијанетите птици.

Мирјана Василева