Потребна е итна реакција поради ефектот од ураганот Ел Нињо

08.01.2016 10:42

Сушите и поплавите на различните краишта од светот се најсилни од 1998-ма, велат во светската организација.

Светот мора веднаш да реагира поради ефектот на ураганот Ел Нињо, предупредуваат од ОН. Сушите и поплавите на различните краишта од светот се најсилни од 1998-ма, велат во светската организација.

„Влијанието може да трае и до две години и ќе се одрази на безбедноста на храната. Посебно сум загрижен за земјите од Централна и од Јужна Америка, во Пацификот, во Јужна и Источна Африка. Сушата предизвикана од Ел Нињо веќе предизвикува глад во многу региони во светот“, вели Стивен О’Брајен, заменик генерален- секретар за хуманитарни работи во ОН.

Се очекува ефектот на ураганот најмногу да се одрази врз производството на храна, а сушите да предизвикаат глад кај стотици милиони луѓе, особено на африканскиот континент.