Седум собраниски комисии, за пратениците прв работен ден во 2016-та
Како подготовка за пленарната сесијата закажана за в понеделник, седници ќе одржат седум комисии...

За пратениците во Собранието прв работен ден во 2016-та година. Како подготовка за пленарната сесијата закажана за в понеделник, седници ќе одржат седум комисии.
Комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да донесе одлука за избор на претседател, потпретседател и членови на Анкетната комисија за скандалот со фабриката за фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други долкументи.
На дневен ред пак на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е предлогот за дополнување на Законот за административни службеници, во прво читање, доставен од опозицијата.
Ќе заседаваат и Комисиите за здравство, за економски прашања, за труд и социјална политика, за транспорт, врски и екологија, како и Законодавно-правната комисија.
