Најстудено во Скопје и Берово

08.01.2016 10:55

Денеска се очекуваат локални врнежи од дожд во западните делови од земјава и потопло време со температура до 11 степени.

Времето во земјава е променливо облачно. Најстуден град изутрината беше Скопје со минус 4, и Берово со минус 3 Целзиусови степени. Денеска се очекуваат локални врнежи од дожд во западните делови од земјава и потопло време со температура до 11 степени.

Од недела ќе преовладува облачно време со повремен члокален дожд, и релативно топло за ова годишно време. Изутрината имаше намалена видливост до 50 метри на магистралниот пат Катланово- Велес.

Редовен е сообраќајот, се одвива без забрани и по влажни коловози. Авиосообраќајот на двата аеродрома исто така се одвива редовно.