Од почетокот на годинава издадени речиси 16.000 потврди за азил
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 6.685, Авганистан- 5.806 и Ирак- 3.317.

Во изминативе 24 часа МВР издаде потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 1.784 странски државјани, од кои 751 се од машки пол, 369 се од женски, 660 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште четири деца кои патуваат без родител.
Како што соопштуваат од МВР, најбројни биле државјаните на Авганистан- 893, Сирија- 642 и Ирак- 249.
Од почетокот на 2016-та издадени се потврди на вкупно 15.808 странски државјани, од кои, 6.585 се од машки пол, 3.296 се од женски, 5.875 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 52 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 6.685, Авганистан- 5.806 и Ирак- 3.317.
Од 1-ви јануари до вчера до Секторот за азил поднесени се три барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на четири малолетни лица од Авганистан.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 07.01.2016 година евидентирани се вкупно 14 баратели на азил од кои седум мажи, три жени и четири деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, 11 баратели на азил (еден мажи, една жена, три малолетни лица со придружба на старател и шест малолетни лица без придружба на старател ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика, соопштуваат од Министерството.
