10 големи странски инвестиции најавени за 2016-та

08.01.2016 11:08

Американската Делфај ќе инвестира во зоната во Бунарџик и ќе отвори 500 работни места. Во неколку фази ќе бидат вложени 15 милиони евра. Напролет ќе профункционира струмичката фабрика на Џонсон Контролс во која ќе работат 1.500 лица во постоечки капацитет.

Десет големи инвестиции се најавени годинава. Американската Делфај ќе инвестира во зоната во Бунарџик и ќе отвори 500 работни места. Во неколку фази ќе бидат вложени 15 милиони евра. Напролет ќе профункционира струмичката фабрика на Џонсон Контролс во која ќе работат 1.500 лица во постоечки капацитет.

На четврто место на оваа инвестициска ранг- листа е фабриката на Ки Сејфти Системс во Кичево со 1.000 работни места и инвестиција од 20 милиони евра. Веќе во март ќе профункционира  фабриката на американската Гентерм во Прилеп. 2.000 вработени ќе произведуваат делови за потребите на автомобилските компании.

Германски Костал во новите погони ќе инвестира 50 милиони евра и ќе бидат ангажирани 1.000 лица. Германската ОДВ Електрик гради фабрика вредна 15 милиони евра во Охридско- струшката зона.

Американската Леар планира 3.000 вработувања во тетовската фабрика со инвестиција од 15 милиони евра. Италијанската Кондево најави најмалку 280 вработувања во штипската фабрика за кондензациски бојлери со инвестиција од 30 милиони евра.

На листата од 10 нови инвестиции се наоѓаат и 2 домашни компании кои ќе инвестираат во слободните зони, Хај- тек и  ТТ- плус кои ќе ангажираат 500 работници.